Не можам, а да не кажам…

Денес ќерка ми М-р Јана Богданоска, магистар по физика (астрономија), дипломиран физичар – астрономија и астрофизика, дипломиран професор по физика (втора диплома), замина на докторски студии на AIX Marseile Université – Марсеј, Франција, каде што претходно студираше пост-дипломски студии и годинава магистрираше.

Двете дипломи за додипломските студии ги стекна на Државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Природно-математички факултет – Институт за физика.

Нејзиниот успех е толку брилијантно чист, што по дипломирањето, ниту мама, ниту тато, ниту државата Македонија, ниту било која друга фондација или поединец, не финансираа во нејзиното дообразование.

Јана сама се избори за полна стипендија од државата Франција, прво за магистерски, а сега и за докторски студии.

Патем, беше примена и на други врвни универзитети низ континентов (исто со полна стипендија), но, како и се друго, сама си го направи изборот за докторските студии.

На нејзино барање, универзитетот во Марсеј дури подготви и специјална програма за докторирањето така што и за тој посебен третман самата си е заслужна.

Мене само ми преостанува да бидам горд татко и да се радувам на успесите не мојата Јана.

Би сакал нејзиниот пат кон успехот да биде пример и мотивација за младите генерации,а и потврда дека квалитетот не познава граници, никакви!

Фејсбук статус: Горан Богдановски