Татјана Стојановска една од најпопуларните презентерки кај нас, некогашна манекенка и Мис на Македонија, за открива како ги заработила првите пари:

Првите хонорари кои ги добив, беа на 17 годишна возраст, како манекенка на ревија на тогашниот Саем за мода „Модест“ кој се одржуваше на Скопскиот саем. И знам дека со хонорарот си купив еден прекрасен капут од „Тетекс“, кој беше и еден од излагачите на Саемот и ги презентиравме нивните модели на една од ревиите на „Модест“, раскажува Тања.


Текстот е дел од книгата „Како ги заработив првите пари“ на Александра Велинова, во која ќе откриете како 70-тина спортисти, уметници, дипломати, политичари, манекенки, водители и бизнисмени го заработиле својот прв хонорар.