Скопјанец бил итно пренесен во болница откако тракторот му се придвижил и го повредил во атарот на село Љуботен.

Во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на местото викано „Јарзиц“, во атар на селото Љуботен, скопско, 76-годишниот Р.С. од селото ри обид рачно да стартува мотор на трактор „ИМК 539“, истиот се придвижил кон него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.