Новата сезона во фудбалската Лига на шампиони почнува утре, а од Европската фудбалска асоцијација УЕФА, објавија дека на клубовите учесници ќе им бидат поделени парични награди во висина од дури две милијарди евра.

Победа во групната фаза ќе носи 2,7 милиони евра, а за секој освоен бод ќе се добијат по 900.000 евра.

Пласман во осминафиналето ќе се награди со 9,5 милиони евра, во четвртфиналето 10,5 милиони, а за влез во полуфиналето ќе се добијат 12 милиони евра.

Финалистите ќе добијат по 15 милиони, а европскиот шампион уште дополнителни 19 милиони евра, плус 3,5 милиони за настап во европскиот Суперкуп и милион за победа во Суперкупот.

УЕФА очекува сезонава да заработи 3,2 милијарди евра.

Вкупната сума што ќе се даде во ЛШ е 2,04 милијарди, а за Лига Европа „само“ 510 милиони евра.