Владата утре ќе се задолжува за нови огромни 131,6 милиони евра. Ова е од низата задолжувања што ги прави владата од почетокот на годината.

Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 131,6 милиони евра.

Експертите коментираат дека задолжувањата континуирано растат додека капиталните инвестиции се очајни ниски.

Така неодамна излезе извештајот за извршување на буџет за месец јануари каде реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 1, 67%.

Ваквата состојба каде задолжувањата растат, а капиталните инвестиции се очајно ниски според економистите е опасна и катастрофална како краткорочно така и долгорочно за економијата и за државата.

Дополнително јавниот долг е висок односно ја надмина психолошката граница од 50 % на што алармираа и огромен број на светски финансиски реномирани институции како што е Светска Банка и ММФ но владата на СДСМ тврдеше дека е во нормала .

Инаку, СДСМ пред да дојде на власт континуирано ги критикуваше задолжувањата и високиот јавен долг додека од кога дојде на власт постојано се задолжува.