Зголемувањето на платите без реално зголемен економски обем е најштетната мерка која што една власт може да ја спроведе.

Кога властите во Македонија со таков зафат ги качија платите, Светската банка реагираше со оценка дека мерката може да биде штетна особено за нископродуктивните гранки кои ќе се соочат со сериозни проблеми кои на крајот на денот треба да ги платат самите работници.

Но, популизмот е нешто што тешко ја следи власта во Македонија. Во недостиг на реални економски политики, без отворање на нови добро платени работни места и политика кон реална зголемување на платите, власта и премиерот се обидува преку инстиционални и законски интервенции во делот на минималната плата козметички да ја подигне просечната плата.

Премиерот повторно потегнува кон вакви зафати и тоа во изборна кампања. Ниту при првото покачување не се зголеми стандардот на работниците, ниту пак придонесе за подобар живот на граѓаните.

Недостатокот на реални економски политики во релација со козметичкото покачување на платите сега дополнително може да предизвика притисок врз економијата и дури и отпуштање на работници во некои индустриски гранки како кожарската и во текстилната индустрија, а во прв момент предизвикува манипулации и ставање на работниците во незавидна положба пред газдите а се со цел изигрување на вакво законско решение за вештачко зголемување на платите.

Дополнително кон целата слика за економските активности во Македонија, периодов власта во Македонија руши рекорди со неефикасно фунцкионирање и нереализирани капитални инвестиции, евидентно преку рекордно најниски 6проценти капитални инвестиции во првите три месеци од годината, ресорното министерство за финансии и самиот министер Тевдовски се фалат дека бил консолидиран јавниот долг.

Тоа што го подобрува квалитетот на граѓаните, на работниците не се само платите туку и подобра инфраструктура, образование и здравство, и други капитални проекти.

Тоа се проекти кои ќе ја оттргнат Македонија од оценката НУЛА дадена од германската стопанска комора за македонските економски политики. Односно, катастрофални економски политики ја уназадуваат економијата во последните 2,5 години.

Затоа и граѓаните, но и експертската јавност посочуваат дека власта, од премиерот и неговите министри до економските советници, покажале целосно непознавање на економските движења и дека е потребен сериозен хируршки зафат за да на одговорните места да дојдат луѓ кои знаат како да водат економија во насока на подобрување на животниот стандард и услови за живот на македонските граѓани.