Вчера стартуваше новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде се појави истиот состав на жирито, само некои од нив се со изменет имиџ.

Најдрастична е промената кај пејачката Вики Миљковиќ која се решила да ја скрати косата, да ја обои во руса нијанса,а згора на тоа и изборот на гардероба е младешки.


ФОТО:ИНСТАГРАМ

Вики сега има „боб“ фризура, а кусиот тексас шорц го комбинираше со спортска маичка и класично макси сако.


ФОТО:ИНСАТГРАМ

Дали ќе го негува овој изглед и за наредните снимања, останува да видиме дали ќе остане доследна на овие модни новитети.