Во акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената што штипската полиција ја спроведе вчера на подрајчето на СВР Штип во периодот од 13.00 до 19.00 часот санкционирани биле 97 прекршители.

– Од извршената акциска контрола санкционирани се вкупно 97 прекршоци, од кои 39 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 58 во населено место. Преземени се 97 мерки за прекршоците и тоа 29 Штип, 20 Кочани, 14 Берово, 12 Делчево, 9 Виница, 7 Свети Николе и 6 Пробиштип, соопшти МВР.

Во раки на истата акција санкционирани се и 42 останати прекршоци.