Македонскиот вундеркинд Кристијан Воденски кој долги години се натпреварува во детските лиги во Германија во повеќе боречки вештини, освои нов медал.

Овој пат тој беше најдобар во бразилско џиу-џицу за натпреварувачи до 48,3 килограми.

– Се натпреварував како дел од тимот на „Pyranha“ под водство на тренерот Омар Пикјоти.

Првото место го освоив во категоријата У-16 на турнирот „Ултимејт Бетл Трејлс“.

Редовно имам борби со мојот тим и најчесто победувам на натпреварите, вели Воденски.

Воденски поради повреда една година паузираше, а на борбите им се врати на почетокот на септември 2019 година.

Кристијан Воденски со семејството долги години живее во градот Офенбах, Германија и е германски НАГА шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016.