Триесет и три годишната руска манекенка Ирина Шајк е тајно фотографирана во Њујорк.

Помина околу еден месец по прекинувањето на четиригодишната врска со американскиот актер Бредли Купер, додека папараците ја фатија во друштво на маж со кој се гушкаше.

Веќе почна да се зборува дека тоа е новото момче во нејзиниот живот за што пишуваат и странските медиуми.

Сепак, руската убавица уживала во друштво на пријателот Алек Максвел на детско игралиште во Њујорк каде била со двегодишната ќеркичка Леа.

Имено, Алек Максвел е креативен директор на британски „Вог“.

Алек не се изјасни за природата на нивната врска.