Повеќе од 7 часа траеше синоќешната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови за измените во Законот за јавното обвинителство.

Лидерската средба во Собранието на Република Македонија заврши рано утрово а договор не беше постигнат, а како што неофицијално дознаваме власта грчевито се борела за влијание во обвинителството за спас од одговорност за криминалите во кои е вплеткана, откриваат извори кои присуствуваа на истата.

Неофицијално, Заев грчевито се бори да го задржи влијанието врз обвинителството, а негов ас и избор останува Рускоска со цел да има амнестија за „Рекет“ и редица други скандали поврзани со власта.

Уште од самиот старт на лидерската средба, претставниците од власта се вртеле во круг и без желба за да се постигне договор и по повеќе од 7 часа средбата заврши без договор.