Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за во моментов најдобар на светот од страна на француското издание на „Л’Екип“.

Насловната страница на весникот е посветена на оваа тема денес.

Зидан ги надмина најдобрите клупски тренери Јирген Клоп, кој работи со Ливерпул, и Пеп Гвардиола, кој го предводи Манчестер сити.

Зидан го тренираше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и за ова време го освои Шпанското првенство и Суперкупот, трипати ја освои Лигата на шампионите, а исто така двапати ги освои УЕФА Супер купот и Светското клупско првенство.

Во мадридскиот клуб се врати во 2019 година и повторно оваа сезона ја освои шампионската титула во Ла Лига.